МАРКО СОКОЛОВ ГО НАПУШТИ „ОСОГОВО“ И ПОТПИША ЗА „КАМЕНИЦА САСА“

Во Спорт
јануари 16, 2024
1 минути

Централниот дефанзивец на „Осогово“ од Кочани Марко Соколов е нов играч на второлигашот „Каменица Саса“.

Соколов го привлече вниманието на фудбалските стручњаци по одлично одиграната есенска сезона во „жолто-синиот“ дрес.

Дознаваме дека преговорите со кочанскиот второлигаш не го дале посакуваниот резултат, па овој млад но доста надарен играч реши да замине во нова фудбалска средина.

Причина плус за заминувањето во „градот на рударите“ е Соколов да ја продолжи одличната соработка со сегашниот Шеф на стручниот штаб на „Каменица Саса“ Горан Гоцевски која започна кога овој беше прв асистент на Добринко Илиевски во „Осогово“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ