„ОСОГОВО“ ПОРАЗЕНО ВО БАРАЖ НАТПРЕВАРОТ, ОПСТАНОКОТ ЌЕ ГО БАРА ВО „ШЕШИРОТ“ НА СРЕЌАТА

Во Спорт
мај 24, 2025
0 минути

Денес се одиграа трите бараж натпревари за  влез во Втора Фудбалска Лига. По одиграните натпревари нови второлигаши се „Слога 1934“ (Виница) „Тетекс“ (Тетово) и „Шкендија“ (Арачиново’ а преостанатите двајца патника ќе се бараат по извлекувањето на имињата што се во „шеширот“.

Денс во кавадрци „Осогово“ загуби од „Шкендија“ со резултат 1:2 (0:1). Условно кажано денес гостинската екипа од Арачиново како повеќе да ја посакуваше победата. Нејзините играчи играа агресивно, повеќе се движеа по теренот и со комбинации го освојуваа просторот, за разлика од „жетварите“ кои играа цврсто на средината од теренот а шансата ја бараа со уфрлување на топки од задната линија. Шкендија поведе во 32’ од пенал, е сега дали беше пенал или не оставаме судиските експерти да се изјаснат. „Осогово“ израмни во 52’ кога од левата страна нафрли Греори Давков, топката како да бегаше од гостинскиот голман, на неа од втор план натрча Симоски и резултатот гласеше 1:1. Радоста на „жетварите“ беше од краток век бидејќи во 59’ Буљар Иљази со силен и прецизен удар по земја малку откосо вон казнетиот простор го погоди долниот лев агол на немоќниот Јованоски. На крајот овој гол се покажа како решавачки.

Инаку „Слога 1934“ сосема заслужено е нов член на Втората Фудбалска Лига бидејќи и во денешниот натпревар ја покажаа супериорноста над противникот, истата онаа која ја имаа и во Трета Фудбалска Лига – Исток. Виничани натпреварот го решија уште во првото полувреме кога со 3:0 поведоа против екипата на „Преспа“ што беше и конечен резултат.

„Тетекс“ на пенали заплови во второлигашките води. По првото полувреме екипата од Тетово имаше сигурно водство д 2:0, но во вториот дел играчите на „Големо Коњаре“ успеаја да постигнат два погодока  и натпреварот да го одведат во пенал серија каде беа за нијанса послаби изведувачи на ударите од белата точка и пенал серијата ја загубија со 3:5.

Поразените екипи на „Осогово“, „Преспа“ и „Големо Коњаре“ се веќе во „шеширот“, а кои две екипи ќе имаа повеќе среќа во извлекувањето ќе дознаеме на почетокот на следната седмица.

Како и да е, „Осогово“ и овој пат остана верен на традицијата, уште еден бараж натпревар не успеа да го помине. Така ни било пишано.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ