ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, БОДОВИТЕ ОСТАНУВААТ ВО КОЧАНИ

Во Спорт
март 29, 2024
1 минути

По една седмица пауза поради обврските на фудбалските репрезентации на Македонија во Сабота со почеток во 15:00 часот продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига. На програмата е 22 коло со кое започнува на некој начин и разврската за опстанок во лигата и за тоа кои екипи ќе се пласираат еден ранг повисоко.

Во сабота во Кочани на мегдан на „Осогово“ доаѓа екипата на „Новаци“. Бодовите на кочанчани им се повеќе од потребни па затоа и мобилноста во екипата е подигната неколку скали повисоко. Есеноска „Осогово“ го совлада „Новаци“ како гостин па зошто и да не стигнат кочанчани до двојна победа во ова првенство против истата екипа.

Двојки за 22 коло:

„Осогово“ – „Новаци“

„Охрид“ – „Беласица“

„Победа“ – „Каменица Саса“

„Башкими“ – „Детонит Плачковица“

„Тетекс“ – „Кожуф“

„Беса“ – „Караорман“

„Пелистер“ – „Вардар“ (Н)

„Аресими“ – „Скопје“

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ