Во натпревар од 22. коло во Втора Фудбалска Лига екипата на „Осогово“ ја оправда улогата на фаворит и рутинирано славеше во комшиското дерби,. Кочанчани ја совладаа екипата на „Слога 1934“ со резултат 3:0 (1:0)
Уште на самиот почеток домаќините ја презедоа играта во свои раце што резултатираше со рано водство. Се играше 12’ кога Филип Димоски го искористи доброто додавање од левата страна и со прецизен удар од 7-8 метри ја погоди левата мала мрежичка од голот на немоќниот Лазе Гичев.
Раното водство на домаќините се одрази во понатамошниот тек од играта. „Жетварите“ се обидуваа што побргу да дојдат до противничкиот гол, но тоа беа јалови напади. Младата екипа на „Слога 1934“ која освен добра физичка подготвеност не покажа ништо повеќе во Кочани. Единствениот удар кон голот на домашниот голман Ѓорѓи Јованоски го имаа во финишот на првото полувреме но шансата за гол пропадна бидејќи домашниот голман го скрати својот агол и ја одби топката во корнер,
Со влегувањето во игра во 55’ на Стојанчо Велинов и Иван Николовски домаќините ги зачестија нападите кон противничкиот гол, но денес виничани меѓу стативите го имаа одличниот Лазе Гичев кој со неколку одлични интервенции спаси најмалку три до четири погодока.

Се играше 78’, по една филигранска акција на „жетварите“ одличниот голман Лазе Гичев најпрвин го одбрани ударот а потоа со повторна интервенција го сруши домашниот играч и судијата покажа на белата точка. Филип Димоски одлично го изведе ударот од белата точка упатувајќи ја топката во десниот долен агол.
Конечниот резултат беше поставен во 83’. Велинов изведе корнер од левата страна но топката повторно се одби кон него, следуваше нов центар шут, на топката натрча Дамјан Стојковски и со удар со глава по трет пат го матираше гостинскиот голман.
Се на се натпревар кој бргу ќе се заборави а ќе се паметат новите три бода за „Осогово“.
Резултати од 22. коло:
Осогово – Слога 1934 3:0
Тетекс – Каменица Саса 3:0
Новаци – Преспа 2:0
Брегалница – Охрид 1:0
Вардар (Н) – Скопје 0:2
Кожуф – Големо Коњари 3:0
Победа – Детонит Плачковица 0:6
Шкендија (А) – Беласица 0:0

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
