Она што го најавивме пред одигрувањето на натпреварите од 5-тот коло играчите на „Осогово“ во целост го реализираа. Имено на гостувањето во Големо Коњари против истоимениот второлигаш забележаа победа од 2:0 (1:0) и се искачија неколку места на табелата.
„Жолто-сините“ беа подобар противник од домаќинот и со головите на Дамјан Стојковски во 32’ и Марио Симоски во 65’ му обезбедија на „Осогово“три бода.
Покрај победата на „Осогово“ на гостински терен и во Виница, Македонска Каменица и Тесен гостите победија. Во Новаци и Скопје бодовите останаа кај домачините, додека во Радовиш и Охрид мрежите мируваа.
Резултати од 5-тото коло:
Големо Коњари – Осогово 0:2
Новаци – Тетекс 1:0
Каменица Саса – Брегалница 1:3
Преспа – Вардар 1:2
Охрид – Кожуф 0:0
Скопје – Победа 8:1
Детонит Плачковица – Шкенсија (А) 0:0
Слога 1934 – Беласица 1:2
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ