ДВЕ ПОБЕДИ И ЕДЕН ПОРАЗ ЗА ЕКИПИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ

Во Спорт
ноември 28, 2022
1 минути

Три екипи на кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ ги одиграа натпреварите во изминатиот викенд. Забележани се две победи и еден пораз.

Во категорија М-12 за девојчиња „Баскет Дино Деликатес“ одигра натпревар против „МВП Скопје“ на гостински терен и забележа победа 40:21 (11:06;  10:02;  10:07;  09:06)

Кошевите за екипата од Кочани ги постигнаа: Манова 17, Фудулска 10, Јованова 4, Захариева 3, Ефтимова 2, Здравкова 2, Иванова 2.

Кошаркарите во категоријата М-14 забележаа нова победа овој пат на гостински терен во Гевгелија против домаќинот „Кожуф“ со што се на првото место без ниту еден загубен натпревар.

„Кожуф“ – „Баскет Дино Деликатес“ 43:55 (16:15; 8:14; 11:16; 8:10)

Јангелов 26, Тасев 13, Оклох 7, Гошев 5, Ристов 2, Крстов 2 ги постигнаа кошевите за „Баскет Дино Деликатес“

Единствениот пораз овој викенд „Баскет Дино деликатес“ го забележа во категоријата М-18 на гостувањето во Гевгелија.

!Кожуф„ – „Баскет Дино Деликатес“  69:63 (21:16; 16:12; 15:27; 17:8) Кошевите се дело на: Коцев 23, Лазарев 13, Богданов 10, Ефремов 7, Христов 6, Глигоров 2, Василев 2.

С. Ивановски