Со головите на Стојанче Велинов и Филип Јованов денес во Валандово „Осогово“ го совлада лидерот на табелата во Трета Фудбалска Лига – Исток, „Победа“ со резултат 2:1 (1:0).
На една седмица до почетокот на натпреварите во Втората Фудбалска Лига играчите на кочанскиот второлигаш прикажаа добра но и неефикасна игра. Периодот кој следува во таборот на жолто-сините ќе биде искористен да се отстранат недостатоците и спремни да тргнат во освојување на бодови.
Инаку во првото пролетно коло кое на програмата е следната Сабота „Осогово“ ја пречекува традиционално незгодната екипа на „Каменица Саса“.
С. Ивановски.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
