Најпрвин би сакале да се заблагодариме од името на сите членови во клубот за планински спортови „Осоговски Орел„ за поканата можноста да споделиме информации за претстојниот викенд, а воедно и да го најавиме настанот, во недела, во падините на осоговските планини. Старт и финиш на трката ке биде местото „Крушка„ во 09ч.
На наше огромно задоволство и чест како домаќини на овој настан, би сакале да изразиме благодарност за поддршката од многуте спонзори, разни фирми, поединци, волонтери, и разни активисти.
Трката е во должина од 18км, со висинко искачување од 900 метри, се движиме во прекрасни шумски пејсажи, одлично маркирани стаза, по широк земјен пат каки и поединечна стаза низ шума, попатно се поминува низ манастари, школи, неколку село од разбиен тип со автентични и пририодни градби, што им овозможуна на самите тркачи потполно уживање, незаборавен настан и ново оскуство во планиското трчање.
Покрај тоа што настојуваме да понудиме квалитетен настан во природа, запознавање на учесниците со околината, исто така сметаме дека ке биде одлична промоција на градот и на околните села, како и развивање на самиот регион во иднина. Ги покануваме сите да дојдат во недела на прекрасна дружба во природа како и би им дале поддршка на учесниците во двете дисциплини „Нордиско пешачење„ и „планинско трчање“.
„Осоговски Орел“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ