ПОБЕДА НА „ОСОГОВО“ НА ПРВИОТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР

Во Спорт
август 11, 2022
0 минути

Во рамките на подготовките пред стартот на првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток, екипата на „Осогово“ го одигра првиот контролен натпревар.

Кочанчани гостуваа на екипата на „Марена“ и со головите н Тоше Манов (2), Јован Дојчинов (1), Драган Цветанов (1) и 1 автогол  славеа со убедливи 5:0 (3:0).

За „жетварите“ настапија: Горгиевски, Цветанов, Јорданов, Горгиев, Тренчев, Стоиловски, Соколов, Крстов, Коцевски, Дојчинов, Манов. Во второто полувреме во игра влегоа и: Гичев, Донев, Јованов, Бојаџиев и Малинов.

Засега потврдени се уште две контролни средби, со „Каменица Саса“ и „Рудар“ (Пробишти).

С. Ивановски