И ДЕНЕС СЕ ГАСНЕШЕ ДЕПОНИЈАТА

јануари 9, 2022
0 минути

Во текот на вчерашниот ден по допис испратен од страна на љубители на природата објавивме дека депонијата и понатака и чади и гори и дека никој за тоа не реагира, за да потоа со свое соопштение се јави и в.д. директорот на КЈП „Водовод“ – Кочани Иван Иванов кој беше категоричен дека и во текот на вчерашниот ден и за денес дека депонијата ќе се гасне се додека целосно не биде изгасната.

Денес од самото место ни беа испратени фотографии токму од Иванов со кои тој уште еднаш потврди дека депонијата се гасне, но дека проблем е стрмниот терен кој ја отежнува работата.

Без разлика што е и како е, за сите жители на Кочани и околните населени места најголема добивка ќе биде кога депонијата целосно ќе се изгасни и ќе се врати во положба од пред два месеци кога речиси три години ниту чадеше ниту непријатен мирис испушташе.

С. Ивановски