СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ЖИТЕЛИ ОД УЛИЦИТЕ „ЉУПЧО САНТОВ“ И „ВИТА ПОП ЈОРДАНОВА“

август 23, 2023
0 минути

По барање на жителите на улиците „Љупчо Сантов“ и „Вита Поп Јорданова“, денеска градоначалникот Љупчо Папазов и инспекторката за патен сообраќај Жаклина Пауновска Анѓелковиќ остварија средба со жителите од двете улици.

Присутните граѓани ги потенцираа најголемите проблеми за нивната улица, како што се непочитување на брзината на возење, паркирање на коловозот, непроодност на тротоарите и оштетената асфалтна површина.

Дискусијата помина во пријатна и активна атмосфера, со конкретни заклучоци за реализација. Од страна на Општина Кочани ќе се санира оштетената асфалтна површина, ќе се исчисти постоечкиот тротоар и ќе се направат пристапни рампи, а од МВР ПС Кочани ќе се побараат поинтензивни полициски контроли на овие улици во однос на брзото возење и непрописното паркирање.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ