ОСТАНУВААТ ВЕРНИ НА ТРАДИЦИЈАТА, ЗГ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ОД КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА 29-ТИ НОЕМВРИ

ноември 29, 2023
1 минути

Членовите на Здружението на Граѓани  „Јосип Броз Тито“ од Кочани, и денес како и години на назад одбележаа уште еден голем празник кои сите со гордост го празнуваа и почитуваа во времето на  Југославија, денес на достоинствен начин го прославија 29-ти Ноември, роденденот на Југославија.

Членовите на ЗГ „Јосип Броз Тито“ најпрвин се собраа во нивната база кај „Градскиот пазар“, а потоа со своите возила украсени со Југословенски и Македонски знамиња продефилираа по улиците во градот.

Да потсетиме, пред 80 години во босанското гратче Јајце во своето обраќање пред присутните делегати водачот на Југославија Јосип Броз Тито од  говорницата меѓу другото истакна дека Македонија ќе биде рамноправна Република во склопот на Федерацијата на Југославија и дека народот ќе си зборува на чист македонски јазик, а Македонците како народ ќе бидат рамноправни со останатите народи и народности.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ