Ознака: здружение ЈБ Тито

БЕЗ ПРЕДАВАЊЕ НА ШТАФЕТАТА ЗГ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ГО ПРОСЛАВИ 25-ТИ МАЈ
Годинешното предавање на штафетата по повод 25-ти Мај која ЗГ „Јосип Броз Тито“ со години ја негуваше и ја направи една од традициите на Кочани не се одржа. Денес само 3-4 возила украсени со знамињата на Југославија и на Македонија тргнаа од платото пред спомен домот „АСНОМ“ па преку улиците „Кеј на Револуцијата“, „Теодосија Паунов“,…

ЗГ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ГО ОДБЕЛЕЖА 29-ТИ НОЕМВРИ
Членовите на Здружението на Граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани, достојни на традицијата која со години ја негуваат прославија уште еден голем празник, денес на достоинствен начин го прославија 29-ти Ноември. Пред 79 години во босанското гратче Јајце во своето обраќање пред присутните делегати водачот на Југославија Јосип Броз Тито од говорницата меѓу другото кажа…

ЃОРЃИ НИКОЛОВ ДЛЕГАТ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА БОРЕЧКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА
Од 20 до 21 Октомври оваа година во организација на СУБНОР од Белград беше одржана 6-тата конференција на боречките организации од поранешна Југославија. По интонирањето на химната „Хеј Словени“ и песната „По шумама и горама“ Конференцијата ја отвори домаќинот, воедно и Претседател на Сојузот на борците од Белград, Полковник Бора Ерцеговиќ. Во своето излагање пред…

ЗГ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ОД КОЧАНИ СО ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ ГО ЗАПОЧНА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА ПРАЗНИКОТ
Следбениците и поддржуваните на ликот и делото на Маршалот на некогашна Југославија Јосип Броз Тито, Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани со положување на свежо цвеќе на бистите на Раде Кратовче и Љупчо Сантов, како и на споменикот на Никола Карев, поставени во „Паркот на Револуцијата“ го започнаа обележувањето на еден од најголемите…