Изминатиот викенд во Битола се одржа вториот Државен натпревар во гимнастика во А и Б лига. Саботата беше резервирана за настапите на девојчињата а неделата на момчињата.
КГС „Кочани“ учествуваше со свои претставници и во двете конкуренции кои на крајот освоија вкупно 8 медали во екипна и поединечна конкуренција, 3 за девојчињата и 5 кај момчињата.
„Б“ лига: Млади јуниорки:
Матеа Глигорова – второ место
Ана Ајтовска – трето место
Екипно – прво место
„Б“ лига. Сениори:
Филип Иванов – второ место
„А“ лига – постари пионери:
Матеј Постолов – прво место
Лука Естатиевски – второ место
„А“ лига – јуниори:
Мартин Андонов – прво место
„А“ лига – сениори:
Димитриј Спасов – трето место
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ