ОСУМ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ НА ТУРНИРОТ ВО ОХРИД

Во Спорт
мај 25, 2024
1 минути

Во организација на Карате Федерацијата на Македонија а со техничка организација на Карате Клубовите „Чоле“ и „Кун су то“, денес во Охрид се одржа Меѓународен карате турнир „Охрид Опен 2024“.

На турнирот зедоа учество повеќе од 600 натпреварувачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Грција и Косово.

Карате Клуб „Кочани“ на турнирот партиципираше со шест натпреварувачи кои освоија осум медали бидејќи некои се натпреваруваа и во две категории.

Од освоените 8 медали, 4 се сребрени и исто толку бронзени.

Сребрени медали освоија:

Душанка Ристова У-14 – категорија до 45 килограми,

Лука Златков У-14 – категорија до 55 килограми,

Наталија Карова „јуниори“ – категорија до 48 килограми,

Наталија Карова „јуниори“ – категорија до 53 килограми.

Освојувачи на бронзени медали:

Алексеј Ристов У-9, категорија до 30 килограми,

Илина Костадинова У-12, категорија до 40 килограми,

Катерина Стојановска У-12, категорија +44 килограми

Душанка Ристова У-14, категодија до 45 килограми.

„Имавме напорно патување, но сепак од она што го покажаа нашите натпреварувачи морам да бидам задоволен. Им честитам на сите кои со добар настап  успешно го бранеа името на нашиот клуб Одиме понатака“  беше изјавата на Игор Каров, тренер на Карате Клуб „Кочани“ – Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ