ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ ЗА ПИОНЕРИ/КИ У-15 СО 160 НАТПРЕВАРУВАЧИ ОД 15 КЛУБОВИ

Во Спорт
март 20, 2022
1 минути

И вториот ден од овој викенд беше ден на борењето во Кочани. Во организација на БФРСМ (Боречката Федерација на Република Северна Македонија) а со техничка организација на БК „Спартак“ – Кочани, с е одржа Државното првенство за пионери/ки У-15.

На првенството во двете конкуренции учествуваа 160 натпреварувачи од 15 клубови.

Домаќинот „Спартак“ учествуваше со двајца борачи во машка конкуренција. Филип Ангелов во категоријата до 68 кгр, со две победи и еден пораз  го освои бронзениот медал, додека Столе Јангеловски остана без пласман.

Во екипна конкуренција кај пионерите првото место го освои „Лирија 2010“ (Скопје) пред „Балканец 2008“ (Штип) и „Чаир“ (Скопје), додека во женска конкуренција сите почести за пионерките на „7-ми Мај“ (Прилеп) зад кои се пласираа „Вардар“ (Скопје) и „Балканец 2008“ (Штип).

Како и во вчерашниот ден, така и денес организацијата беше безпрекорна.

С. Ивановски