ШЕСТ ЕКИПИ ПРИСУТНИ НА ЖРЕБУВАЊЕТО ЗА ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК

Во Спорт
март 11, 2022
0 минути

Вечерва во Кочани во присуство на претставници од клубовите кои ја платиле котизацијата за натпреварите во Трета Фудбалска Лига – Исток беше извршено најавеното жребување.

„Карбинци“, „Овче Поле“ (Свети Николе), „Рудар“ (Пробиштип), „Малеш“ (Берово), „Дојранско езеро“ (Докран) и „Чешиново 2015“ се имињата на екипите кои се  најдоа во „шеширот“.

Според информациите до кои дојдевме благодарение на еден од претставниците на клубовите можно е бројот на екипи да биде зголемен а конечно се ќе се знае веќе во Понеделник.

Првото коло кое ќе се игра во Недела на 20 Март се среќаваат:

„Карбинци“ – „Овче Поле“

„Малеш“ – „Чешиново 2015“

„Дојранско езеро“ – „Рудар“.

Времето на натпреварите дополнително ќе биде познато.

С. Ивановски