Cafe De Anatolia, по настапи во некои од најпрестижните светски дестинации како Дубаи, Санторини, Истанбул, Малта и Букурешт, како и по распродадениот настап во Скопје во Public Room, го најавува својот прв дводневен фестивал во Македонија – во Aleksandar Park, Виница.
Овој фестивал не е само музички настан, туку целосно курирано искуство кое ги обединува електронската сцена (Afro House и Organic House), современата уметност, локалната гастрономија и винската традиција.
Програмата опфаќа две ноќи, петок и сабота, од 20:00 до 03:00 часот, со интернационални диџеи и придружни перформанси. Во саботата, од 15:00 до 20:00 часот, посетителите ќе можат да уживаат во бесплатни дегустации на вина од повеќе од пет винарии, уметнички инсталации, храна и фестивалски маркет. Основан од семејството Илиеви – Зоран Илиев (Billy Esteban), Моника Илиевa (Monika Ilieva) и Никола Илиев (Rialians On Earth/Nickarth) – брендот бележи континуиран раст и признанија, па така, номиниран е од Beatport, рамо до рамо со светски имиња како HUGEL, за „Label of the Year 2025“ и „Artist of the Year 2025“.

Со воспоставувањето соработки со глобални гиганти како Giorgio Armani, Four Seasons и Radisson Blu, тие поставуваат нови стандарди на пресекот меѓу музиката, културата и lifestyle индустријата, докажувајќи дека Cafe De Anatolia со сигурност е највлијателниот лејбл во својот жанр.
Со партнерства и препознавање од глобални брендови како Giorgio Armani, Four Seasons и Sony Music Publishing, Cafe De Anatolia продолжува да ја шири својата препознатлива естетика и звук на нови пазари.
Извесно е дека овој македонски бренд направи историја во Источна Европа со потпишувањето на административен договор со Sony Music Publishing, како и со тоа што беше првиот домашен бренд промовиран на Тајмс Сквер во Њујорк. Со овој историски чекор, Cafe De Anatolia дополнително ја зацврсти својата позиција како еден од највлијателните независни музички лејбли во Македонија и регионот, соработувајќи со над 5.000 артисти и поседувајќи го најголемиот музички каталог со над 10.000 траки во жанрот Organic House.
Денес, брендот брои над 30 милиони следбеници и повеќе од 2 милијарди прегледи на глобално ниво.
Билети и повеќе информации: https://mktickets.mk/event/cdafestival/

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
