ОТВОРЕН ЈАВЕН ПОВИК
за користење на социјалната услуга „Центар за дневен престој за лица со попреченост“
Со особено задоволство Ве известуваме дека започнуваме со обезбедување на социјалната услуга „Центар за дневен престој за лица со попреченост“, со што официјално е отворена постапката за прием на корисници.
Социјалната услуга е воспоставена во рамките на Проектот за воспоставување на социјалните услуги, финансиран со грант обезбеден преку Светска банка, а имплементиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади и претставува меѓуопштинска социјална услуга, воспоставена во партнерство со Општина Кочани, Општина Чешиново-Облешево и Општина Зрновци и е наменета за жителите на сите три општини. Партнерска организација која ќе ја спроведува услугата е Црвен крст на РСМ- Општинска организација Кочани.
Кој може да ја користи услугата?
Лица со попреченост над 26 години на кои им е потребна дневна поддршка, развој на функционалните способности, стекнување и одржување на животните вештини, социјализација и активно учество во заедницата.
Што нуди Центарот?
• Индивидуална и групна стручна поддршка;
• Работно-окупациски активности;
• Активности за развој и одржување на животните и социјалните вештини;
• Креативни, едукативни и рекреативни активности;
• Психосоцијална поддршка;
• Организиран дневен престој и оброк;
• Безбедна, инклузивна и поддржувачка средина.
Центарот е сместен во Домот на култура „АСНОМ“ – Кочани, располага со капацитет од 12 корисници, а услугата ќе се обезбедува секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Како се поднесува барање
Заинтересираните лица, нивните родители, старатели или законски застапници треба да поднесат барање до ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Кочани, кој согласно Законот за социјална заштита ја спроведува постапката за проценка на потребите и донесува решение за користење на услугата.
Дополнителни информации:
070/360-855
[email protected]
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
