По договорот склучен помеѓу Општина Кочани и Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, како еден од колективните постапувачи во Македонија, во Кочани пристигнаа седум контејнери за електронски отпад.

Целта е електронскиот отпад да не се исфрла на депониите, каде што тешко се разградува. Контејнерите се лоцирани во основните и во средните училишта во Кочани и се наменети за сите граѓани што сакаат да депонираат ваков тип отпад, а локациите се избрани со цел учениците од најрана возраст да стекнуваат навики за селектирање и правилно депонирање на електронскиот отпад.

Откако ќе се наполнат контејнерите, Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ ќе ги празни, за тој да продолжи на натамошен третман.
Според законите за управување со отпад, општините како клучен столб во системот за управување со отпадот имаат задача да воспостават собирни центри и контејнери за електронски отпад. За таа цел Општина Кочани ги повикува граѓаните да го селектираат електронскиот отпад совесно користејќи ги соодветните контејнери.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
