ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА „СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ 2023“

декември 22, 2023
1 min read

Како дел од проектот „Промовирање изложби 2023“ кој е подржан од Министерството за култура на република Македонија, денес во „Фоаје 2“ во НУ центар за култура „Бели Мугри“ во Кочани беше отворена Изложба на слики од 37 издание на Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски 2023“

За самата колонија свое обраќање имаше Јордан Михајловски – координатор и еден од основачите на колонијата. Тој истакна најпрвин дека е многу горд што изложбата е поставена во Кочани кој го смета за еден од поголемите градови на културата. Колонијата годинава се одржа во периодот од 20-27 јуни во манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка а на истата твореа 13 ликовни уметници од Македонија, Турција, Словенија, Полска и Бугарија.

„На изложбата се поставени 22 дела од 13 автори од пет држави и истите се работени со различни стилски ракописи, во различни техники, во што доминира акрилот и маслото платно“, истакна Александра Димитрова –стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ