ВО ПОНЕДЕЛНИК ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА „ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ„

септември 23, 2022
1 минути

Под мотото „Нов научен јазик – нова визија за животот“ во Понеделник во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани ќе биде одбележан 26-ти Септември „Европскиот ден на јазиците“.

Гости на настанот ќе бидат Јалчн Неџипов – дипломиран правник, национален лидер на движењето „Аваја“ и Серџе Мемедова – студент на правен факултет, член на движењето „Аваја“.

Своја промоција ќе има романот на годината од фондацијата „Славко Јаневски“, „Денот на црвот“ од Симона Јованоска.

Почеток е закажан за во 16:00 часот

С. Ивановски