ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „БИСЕРИ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА КОЧАНСКАТА КОТЛИНА“

декември 16, 2024
1 минути

Во соработка со НУ Археолошки музеј на Македонија, денеска, во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани беше отворена изложбата ,,Бисери на културното наследство на Кочанската котлина”.

Носител на проектот кој трае дваесетина години е Археолошкиот музеј на Македонија а координатор на истиот е археолог Илинка Атанасова, кустос-советник од Кочани.

Темата на на изложените дела е руралното и профано градителство од крајот на 19 и почетокот на 20 век, кои по претходна работилница ги изработија ученици од кочанските училишта, како и од Школата за цртање и сликање при НУ Центар за култура ,,Бели мугри”-Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ