ОТВОРЕНА РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ

април 2, 2024
1 минути

Денес во Салон Фоаје 2 во НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани, во организација на НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани а во соработка со Музеј на град Скопје  беше отворена Ретроспективна изложба од Владимир Георгиевски еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници.

Пред голем број на љубители на уметноста за животниот пат на Владимир Георгиевски свое обраќање имаше Александра Димитрова –стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн при НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани.

Изложбата се реализира во соработка со Музеј на град Скопје преку мрежата „Музеум Линк“ а за нејзиното значење зборуваше Јасминка Намичева – кустос советник во Музеј на град Скопје а воедно автор и координатор на мрежата „Музеум Линк“.

За значењето на оваа мрежа пред присутните свое обраќање имаше Фросина Георгиевска, ќерка на авторот инаку сопственик на изложбата која заедно со Јасминка Намичев  го направија конечниот избор на делата.

На изложбата поставени се 20-тина дела од богатиот творечки опус на авторот а истата е дел од Проектот насловен „Преземање на изложби за 2024 година во визуелни уметности – галериска дејност“ а е дел од годинешната програма на НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани со финансиска поддршка од Министерството за култура на Р.С. Македонија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ