Во организација на Пчеларското друштво „Матица“ од Кочани денес во „Паркот на револуцијата“ беше отворено 26-тото издание на манифестацијата „Денови на медот Кочани 2023“.
Медот како што беше истакнато е една од најздравите и најкористените природни намирници уште од памтивек. Тој е природен антибиотик и е пребогат со антиоксиданси и пробиотици. Освен за здравјето медот наоѓа примена и во триковте за убавина, како што се: крем за лице, гел против акни, омекнувач за коса, лекувач на рани.
Манифестацијата на која годинава учествуваат голем број излагачи – производители на мед од земјата за отворена ја прогласи Борче Атанасов, Претседател на Пчеларското здружение „Матица“ од Кочани.
Поздравно обраќање кон присутните упати и Менде Трајковски – Претседател на Сојузот на здруженијата на пчелари на Македонија, како и претставникот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Горанчо Миладинов – раководител на ПЕ на МЗШВ – Кочани.
Одличната организација беше крунисана со културно забавна програма исполнета со многу содржини.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ