Во присуство на ученици од основните училишта во Општина Кочани, ментори, како и други љубители на уметноста, денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани беше отворена Ретроспективната изложба 2013-2023 „Културно наследство на Кочани и кочанско“.
За самата изложба и нејзиното значење свое обраќање имаше Илинка Атанасова – Советник археолог, носител и организатор на деценискиот проект од каде произлегуваат делата кои се поставени на Ретроспективната изложба која е под покровителство на Археолошкиот музеј на Македонија а со финансиска поддршка на Министерството за култура на Македонија.
Изложбата за отвореа ја прогласи Кристина Ѓорѓиевска Атанасова – директор на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани.
На учениците кои со свои дела допринесоа за поставувањето на оваа изложба како и нивните ментори организаторот им врачи посебни благодарници.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ