ВО СРЕДА, ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „СОЛЗИТЕ НА СЕСТРА МИ“ ОД ЛИЛЈАНА ЗАШОВА

септември 30, 2022
1 минути

Нова книга во македонскиот книжевен простор

Една вистинска приказна преточена во роман

Посвојувањето деца е тема која скоро секогаш е пропратена со дилеми, желби, страдања, надежи, очекувања. Тоа прашање секогаш било и останува болно како за биолошките родители така и за родителите кои посвојуваат дете. Оваа тема може да се рече дека сè уште е табу тема. Многу малку се зборува за тоа.

Посвојувањето пак на „наши“ деца од странци е посебно чувствително. Скоро секогаш се поставува прашањето зошто тие деца не им се даваат на брачни двојки од земјава кои одамна чекаат дете и дали тие деца некогаш ќе ја дознаат вистината за нивното потекло.

„Солзите на сестра ми“ е токму таква приказна. Две сестрички- близначки, веднаш по раѓањето се дадени на посвојување во Франција.

Лилјана Зашова успеа да ја долови атмосферата во повеќе семејства. Посебно е трогателен чинот на предавањето на децата.

Читателот ќе се сретне со една тажна приказна за судбината на главната јуначка, за животот на посвоителите, но и со прашањето кое ќе си го постави на крајот од книгата – што било подобро за двете сестри и за нивниот понатамошен живот.

Книгата обработува домашна тема, за која мислам дека до сега не се зборувало доволно.. Затоа вреди да се прочита и да се размислува на темата.

Првата промоција беше организирана во Охрид, а во Кочани ќе биде организирана на 5 октомври 2022 г. во Библиотеката „Искра“, со почеток во 12.00 часот.

Книгата може да се купи по намалена цена за време на промоцијата, а потоа:

Во КОЧАНИ – во книжарницата во Трговскиот центар

ВО СКОПЈЕ – во книжарниците на Литература, Топер, Култура како и преку електронската книжарница КупиКнига: info@kupikniga.mk