ОТВОРЕНИ ИЗЛОЖБИ КАКО ДЕЛ ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА – ФЕСТИВАЛ НА ДЕЦАТА, КНИГИТЕ И МУЗИКАТА

април 1, 2022
0 минути

Во склоп на манифестацијата „Славење на меѓународниот ден на литературата за деца, Другарувањето со книгите ни е песна – Фестивал на децата книгите и музиката“, денес на последниот ден од чествувањето во просториите на Библиотека „Искра“ беа отворени две изложби.

Едната изложба беше на творби од корисниците на дневниот центар на лица со интелектуална и телесна попреченост при ЈУМ „Центар за социјални работи“ – Кочани и  втората на творби на учениците од Училиштето за цртање и сликање при НУ Центар за култура „Бели Мугри“ од Кочани.

С. Ивановски