И ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари од сега е во семејството на Македонскиот институт за медиуми. Го доби проектот за основање Медумски клуб во училиштето и веќе е во фаза на формирање на истиот. Медиумските клубови треба да вклучуваат едукативни и практични активности кои ќе се одвиваат во рамки на воннаставните активности. Со клубот ќе раководи Тања Велкова , одделенски наставник во училиштето.
-Нашето училиште аплицираше на повикот на Македонскиот институт за медиуми за основање медиумски клуб и од институтот ни ја прифатија апликацијата и по одржаната дводневна обука во Скопје за наставниците кои што ќе раководат со клубовите еве веќе го формиравме нашиот медиумски клуб за кој имаше голема заинтересираност од страна на учениците од 4 то до 9 то одд. Станува збор за медиумски клуб преку кој што учениците ќе учат како да создаваат веродостојни, објективни и проверени медиумски содржини користејќи различни формати, вклучително и текст, видео, поткасти, блогови и фото – новинарство. Учениците во координација со наставникот кој што ќе раководи со клубот ќе имаат можност да предлагаат и да обработуваат теми кои што се поврзани со образовниот процес и училишните активности, но и со културни, забавни, спортски и други теми кои се од интерес на младите и со тоа тие сами ќе продуцираат медиумски содржини. Сега го формиравме клубот и започнуваме веднаш со работа и организација, најпрво што ќе направиме е освен наша промоција, ќе бидеме дел од организацијата за нашиот патронен празник за кој се подготвуваме а ќе се одржи на средината од месец ноември, за кој дополнително ќе информираме, рече Тања Велкова, координатор на клубот.
„Ние сме горди што добивме ваков клуб во нашето училиште и сме среќни што ќе имаме можност да бидеме во улога на новинари и видео сниматели и фоторепортери за да можеме да ги промовираме нашите активности и успеси. За почеток ќе оформиме наша фејзбук страница и ќе дадеме име и лого на нашиот клуб“, рече Марија Савевска – член на клубот
Клубот ќе работи во училишната медијатека и членовите заедно со координаторот ќе се состануваат еднаш неделно. Медиумските клубови се реализираат како дел од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, а активноста ја спроведуваат ИРЕКС и Македонскиот институт за медиуми.
ОУ „Крсте Петков Мисирков“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ