ОУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – РОБОТИКА – ПОДДРШКА ВО УЧЕЊЕТО КАЈ ДЕЦАТА СО ТЕШКОТИИ ВО РАЗВОЈОТ

април 11, 2024
0 min read

Градоначалникот и секретарот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и Драган Ананиев денеска во ОУ „Никола Карев“ присуствуваа на Втората сесија од обуките во рамките на меѓународниот проект „Еразмус +“, под наслов „Роботика и инклузија на ученици со попреченост во специјалното образование“.

Реализацијата на овој проект е од особена важност заради примената на технологијата во олеснувањето на учењето кај учениците со попреченост, односно целта е со учење и технолошка поддршка децата да станат поуспешни.

Во проектот кој е започнат во 2023 и ќе трае две години, се вклучени пет држави, а Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип е партнерска организација.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ