На 34. седница на Советот на Општина Кочани, советникот Гоце Марков даде предлог а советничката Жаклина Свеќароска го поддржа истиот да во близина на објекти каде фреквенцијата на дечињата е голема да се најде начин за поставување на т.н. „лежечки полицајци“.
Кога ќе се направи анализа најпрвин „лежечките полицајци“ би се поставиле на улиците во близина на училиштата и детските градинки. Со нивното поставување несовесните возачи би ја намалувале брзината и со тоа би се обезбедила некоја поголема сигурност за дечињата.
Тоа како што дознаваме би бил првиот чекор а понатака би се размислувало „лежечки полицајци“ да се постават и на улиците каде едноставно возачите лудуваат во брзото возење и сигурноста на сите други учесници во сообраќајот ја доведуваат во прашање.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ