На 03.11.2024 во 13.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на кружен тек од ул.„Димитар Влахов“ и ул.„Глигор Апостолов Гочо“ во Кочани, Ј.А.(41) од Кочани, управувајќи велосипед паднал на коловозот. Во несреќата Ј.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кочани. Увид извршила екипа од ОВР Кочани.
ИЗВОР: Дневен билтен на МВР
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ