МАЛОЛЕТНИК ОД КОЧАНИ СО УБОДНИ РАНИ ДОБИЕНИ ОД ДРУГ МАЛОЛЕТНИК ЗАВРШИЛ НА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

ноември 20, 2024
0 минути

На 19.11.2024 во 15.20 часот во Полициската станица Кочани, од итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен малолетник од Кочани. Според пријавеното, во Кочани тој бил нападнат од друг малолетник, кој употребил остар предмет и му нанел убодна рана. Во врска со настанот, со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Соопштение  на СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ