ДООБРАЗУВАЊЕ НА ВОЗРАСНИ ЛИЦА

На 17 април 2025 година, во 11 ч., во салата за состаноци во зградата на Општина Кочани ќе бидат доделени свидетелства на 25 лица опфатени со проектот за дообразување на возрасни без завршено основно образование. Ви благодариме за соработката. Општина Кочани КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

ПРОРАДИ НЕРАСЧИСТЕНИ ДОЛЖНИЧКО-ДОВЕРИТЕЛСКИ ОДНОСИ ПРИЈАВИЛ ФИЗИЧКИ НАПАД

На 15.04.2025 во 14.00 часот во Полициската станица Кочани, Ф.М.(57) од Кочани пријавил дека околу 12.30 часот на ул.„Маршал Тито“, поради нерасчистени должничко – доверителски односи, бил физички нападнат од З.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Соопштение од СВР Штип КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

ОПШТА БОЛНИЦА ИЗРАЗИ БЛАГОДАРНОСТ ЗА ДОНАЦИЈАТА ОД ШВАЈЦАРИЈА, ALCON КАПКИ ЗА ОЧИ

Донациите за Општа болница со проширена дејност – Кочани продолжуваат да пристигнуваат. Овој пат од Швајцарија е пристигната донација на Alcon капки за очи кои ќе можат да ги користат сите инволвирани во во пожарот во дискотеката „Пучс“. !Почитувани, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани изразува голема благодарност за донацијата од Македонската дијаспора…

РАБОТИЛНИЦА 2, „СИТЕ ЗА КОЧАНИ – ВРЕМЕ Е ДА ЗБОРУВАМЕ“

По трагедијата која го потресе нашиот град, дојде време да си бидеме поддршка. Да зборуваме гласно за болката, стравот, вината, тишината. Да научиме како да помогнеме – кога зборовите недостасуваат. Работилница бр.2 на тема: „Ментално здравје, траума, заедничка поддршка%. Работилницата ќе одржиу на 16 април (среда), во 17:30часот во  „АлеДар Премиум Хотел & Ресторан“ Настапуваат:…

ВЕНКО КРСТЕВСКИ ИЗБРАН ЗА В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КОЧАНИ

На 62. седница на Советот на Општина Кочани со 9 гласови ЗА и 1 воздржан Венко Крстевски во вториот круг беше избран за в.д. Градоначалник на Општина Кочани. Инаку на 62.седница на Советот на Општина Кочани советниците  дебатираа по една точка а тоа беше избор на в.д. Градоначалник на Општина Кочани. Двајца советници ја истакнаа…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ КОЛА СЕ РЕШАВА ШАМПИОНАТОТ

До крајот на првенството во Втора Фудбалска Лига за жени остануваат да се одиграат уште две кола по кои ќе биде познато која екипа директно влегува во Првата Фудбалска Лига за жени, а која ќе игра бараж. Со головите на Стојановска во 8’, Салихи во 32’36’51’ и Веселинова 57’ лидерот на табелата „Кочани“ без поголеми…

УСПЕШЕН НАСТАП НА КАРАТЕ КЛУБ „КОЧАНИ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР „ОЛИМПИК ОПЕН“

Во организација на Карате Федерацијата на Македонија во саботата се одржа традиционалниот Меѓународен карате турнир „Очимпик Опен 2025“. На еден од најголемите карате турнири што се организира во Македонија годинава учествуваа повеќе од илјада натпреварувачи од повеќе земји. Карате Клуб „Кочани“ учествуваше со 20 натпреварувачи кои освоија вкупно 23 медали“. Во категоријата „Кати“ освоени се…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ВО КОЧАНИ МРЕЖИТЕ МИРУВАА

Во рамките на 24-тото коло од Втората Фудбалска Лига во Кочани „Осогово“ и „Беласица“ одиграа слаб и здодевен натпревар. Ако  во првото полувреме нешто и се случуваше особено пред голот на гостите, во вториот дел гледачите не видоа речиси ништо, двете екипи упатија само по еден директен удар кон противничките голмани. „Осогово“ овој значаен натпревар…

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 19 ЛИЦА ЗА ТЕШКИ ДЕЛА ПРОТИВ ОПШТАТА СИГУРНОСТ

МВР во координација со Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја проширија истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека на нови 19 лица. Сите тие се осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Станува збор за службени лица, кои во периодот од 2012 година…

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА, ПАТНИЧКО ВОЗИЛО УДРИЛО ВО ДВАЈЦА ПЕШАЦИ

На 11.04.2025 година во 07.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани, патничко возило „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.К.(29)  удрило во двајца пешаци – С.М.(64) и едно 8-годишно дете, исто така од Кочани. Притоа во несреќата С.М. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во…