Членовите од медиумскиот новинарски клуб „Ким Ко – Инфо“ при ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани, кој постои повеќе од една година а по повод прославата на првиот роденден Кимковците подготвија „Кимко боенка и песнарка“ а продажбата на истата беше од хуманитарен карактер..
Од собраните средства тие обезбедија подароци кои денес ги подарија на дечињата од „Детското одделение“ во Општа болница со проширена дејност – Кочани.
Целта беше едноставна, да им се разубават празниците, да им се вратат насмевките на лицата и и да им се олесни престојот во болницата.
На „Детското одделение“ членовите на „Ким Ко – Инфо“ – Кочани беа пречекано со воодушевување од страна на вработените, а посебна благодарност за иницијативата искажа доктор Андријана Миловиќ Лазарова и сите во едно се сложија дека оваа хуманитарна акција има јасна порака, да има што помалку болни дечиња а што повеќе насмевки на детските лица.
Секоја чест за идејата и реализацијата.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ