ПАНАЃУРОТ ОСТАВИ 7 КАМИОНИ И 2 ТРАКТОРИ СМЕТ

октомври 25, 2022
0 min read

Синоќа заврши Кочанскиот панаѓур. Утринава како бомба да паднала, смет на сите страни па екипи од КЈП „Водовод“ мораа да соберат 7 камиони и 2 трактори смет за да го доведат просторот каков што беше пред панаѓурот.

Во ред е да се одржува Панаѓурот бидејќи тоа е една традиција на градот, но што правиме во иднина со оние кои изнајмуваат простор за продавање. Дали треба да се едуцираат за сфатат дека секој треба да има ќеса во која ќе се собира сметот што токму тие го прават а не по околните дворови да се најде хартија, најлони и што ли уште не.

Ако веќе некој решил да го изнајми просторот и да заработи, истиот тој треба да си постави и редарска служба за да ги опоменува тие што неконтролирано го фрлаат сметот.

Годинешниот панаѓурот заврши, нека за ум за следната година.

С. Ивановски