Изминатиот период кочанчани мака мачат со нечистиот воздух кој секојдневно го вдишуваат па не е ни чудно што бројот на заболени од канцерните заболувања постојано расте. Е тоа е главната причина што изминатите два месеци граѓаните на Општина Кочани се одважија и со протести решија да му се стави крај на ова зло во 21 век.
Најпрвин како главен загадувач на воздухот беше „Пајпер Мил“ кој со неколку протести реши да го смени филтерот на оџакот, но дали тоа ги даде резултатите има професионалци кои тоа можат да го кажат, но како и да според последните најави во доцните вечерни часови и сега околу тој објект се чувствува непријатен мирис. Од што? досега нема се никој изјаснето.
Вториот загадувач на воздухот кој кочанчани го секојдневно вдишуваат е проблемот со Градската депонија за исфрлање на смет. Нејзиното постојано палење за нечии бизнис интереси кое секојдневно го загадуваше воздухот беше она што подолг период ги револтираше жителите, но годинава сепак се претера откако почна да се депонира отпад и од општините Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци. Наводно потпишаниот меѓусебен договор им давало за право овде да се депонира и тој отпад што гледано реално не е така. Така би било доколку по потпишаниот договор од 2016 година се изградеше објектот за рециклажа на отпадот во Овчеполијата. Неговата градба не е ниту започната што значи дека секој потпишан меѓусебен договор на овие четири општини (заедно со Кочани) паѓа во вода, поточно истиот е неважечки.
Протестите да не се депонира смет од соседните општини ги даде посакуваните резултати, Советниците на Општина Кочани донесоа едногласна одлука да освен смет од Општина Кочани другите општини немаат го истото право, но за жал некој таа одлука не ја почитува.
Некому очигледно му секна бизнисот па денес со полициска придружба и тие општини вршат дотур на смет на Градската депонија. Значи повторно протести, повторно неотспиени ноќи повторно нови и нови заболувања. Граѓаните нема да застанат овде тоа е очигледно, ќе продолжат и понатака да протестираат за да се изборат за чист воздух и здрава животна средина, но каде се сега партиите? Освен „Левица“ која со Соопштение застана на страната на жителите на Кочани , ни трага ни глас од ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и нивните тип-топ лепенки.
Очигледно е дека партиите ги изневерија своите гласачи па каква ќе биде нивната реакција ќе покажат Локалните избори кои се закажани за 2025 година.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ