По ветровито и студено време се одржа долго најавуваниот протест против аерозагадувањето од компанијата „Пејпар мил“. Иако голем број од населението секојдневно не заморува со коментари по ФБ и се удираат во гради дека им смета загадениот воздух, денес на протестот излегоа одвај околу двесте најупорни жители на Кочани.
Да беше протестот организиран за зголемување на платите на истиот ќе се појавеа сигурно и вработените во администрацијата, вработените во културата и образованието и ќе се појавија советниците( со исклучок на Венко Крстевски, Васе Алексов и Жаклина Филипова Свеќароска), како и челните луѓе на општината Кочани, вака протестот беше против аерозагадувањето па масата која не се појави на истиот наместо пред фабриката уживаше дома во топлите соби и по кафулињата.
Сепак оние најупорните кои се грижат за здравјето на своите семејства и за своето, излегоа да кажат едно НЕ за аерозагдувањето.
Од трибината беше упатен уште еден повик до менаџерскиот тим на компанијата но и до оние кои подолг период ги толерираат, до инспекторите во Владата и од општините, да не ги повеќе замајуваат бидејќи нивното трпение заврши, истите да се зафатат за работа и да ги оправдаат своите плати, да им наложат на сопствениците на „Пејпар мил“ да почнат да употребуваат метан како гориво и да се постави колектор за отпадната вода за да не се во иднина загадува ниту воздухот, ниту Оризарска река а со тоа и почвата.
На денешниот протест присуствуваше и група борци за чиста животна средина од Велес кои на насобраните им објаснија како нивната упорност ги даде посакуваните резултати, па некогашниот нивен гигант кој многу нивни сограѓани ги прати по патот без враќање топилницата успеаја да ја затворат.
Да се учиме на храброста на оние кои со својата упорност успеаја
С. Ивановски