ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО УДРИЛО ВО ПЕШАК

септември 23, 2022
0 минути

На 22.09.2022 во 11.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на влезот во с.Теранци, кочанско, патничко возило „фиат пунто“, со кочански регистарски ознаки, управувано од В.Х.(46) од с.Теранци, удрило во пешакот Д.Р.(60) од с.Теранци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Р., констатирани во Општата болница во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР