Обилните дождови си го сторија своето. Вегетацијата е се побујна и веќе на некои места претставува проблем. Таков е примерот и со патниот правец „Кочани-Гратче“ каде на повеќе места поради високата трева и нависнатите гранки прегледноста е мала. Тоа е проблем и за возачите, нои уште поголема за минувачите, поточно за оние кои овој патен правец го користат за релаксација.
Пред околу два месеци потегот беше уреден, тревата беше искосена а гранките што пречеа беа исечени, но сега повторно е истата слика ако не и полоша од пред повеќе од два месеци.
Рекреативците апелираат до надлежните служби ако е можно да се што побргу организираат и овој патен правец да се исчисти за да може и безбедноста да му биде поголема, вака како што е сега претставува проблем за сите кои по него поминуваат.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ