ПЕШАК НАСТРАДАЛ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО КОЧАНИ

март 25, 2022
0 min read

На 24.03.2022 во 12.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Кочани, патничко возило „форд“, со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Н.(22) од Кочани, удрило во пешакот М.С.(80) од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во ЈЗУ Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

ИЗВОР: Дневни билтени од МВР