ПЕТ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП – КОЧАНИ

март 21, 2025
0 минути

Денеска (21.03.2025) околу 13.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, помеѓу пробиштипска клучка и спанчевска крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки и товарно возило сопственост на Армијата на РСМ. Притоа, пет лица се здобиле со повреди, од кои четири се пренесени во болницата во Кочани и едно во Клиничка болница Штип. Увидот е во тек.

Соопштение на СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ