ПЕТ ПОГОДОКА ВО МРЕЖАТА НА „ЖЕТВАРИТЕ“ ВО КУМАНОВО

ноември 2, 2024
1 min read

Уште едно коло и уште еден пораз за екипата на „Осогово“ овој пат во Куманово од екипата на „Башкими“. Според игрите и резултатите поразот можеби и беше очекуван, но не со „петарда“ во мрежата на Ѓорѓи Јованоски. Кочанчани уште еднаш одиграа слаб натпревар, во првото полувреме примија три погодока а доколку домаќините ги искористија сите прилики можеше најмалку уште толку да завршат во мрежата на „Осогово. Второто полувреме домаќините го одиграа рутински, задоволни од високото водство не трошеа многу сила но сепак и овој дел го добија.

Што да се каже за екипата на „Осогово“ одигра слабо неефикасно што уште еднаш ги разочара своите симпатизери. Гледајќи ги другите резултати и табелата има екипи со сличен квалитет така да борбата за опстанок во која се вклучени и „жолто-сините“ ќе трае се до последното коло.

Погодокот за „Осогово“ го постигна даут даути во 55’ а за „Бачкими“, Хамза Меметриза 11’72, Хусеин Демири 20’39’ и Аган Сулимани 87’.

Во следното коло „Осогово“ ја пречекува екипата на „Победа“ од Прилеп.

Резултати од 11-тото коло:

Башкими – Осогово  5:1

Борец – Вардар (Н)  1:2

Македонија ГП – Брегалница  3:0

Аресими – Детонит Плачковица  2:1

Беласица – Кожуф  0:0

Охрид – Скопје  1:1

Победа – Вардарски  6:2

Новаци – Каменица Саса  0:1

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ