ПЕТИЦИЈАТА „НЕ ЗА РОДОВАТА ИДЕОЛОГИЈА ВО УЧИЛИШТАТА, АКТИТЕ И ДОКУМЕНТИТЕ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ“ ПРЕДИЗВИКА МАСОВНА ИЗЛЕЗЕНОСТ НА КОЧАНЧАНИ

септември 25, 2023
0 минути

За само два часа кочанчани масовно излегоа за собирањето на потписи за петицијата „НЕ за родовата идеологија во училиштата, актите и документите во Општина Кочани“ кое го организира Здружението на граѓани „Родителски фронт“.

Во периодот од 19:00 до 21:00 часот собрани се 457 потписи со што уште првиот ден кочанчани упатија јасна порака кон сите оние кои се залагаа да помине овој документ.

Инаку оваа иницијатива започна пред десетина дена во Општина Струмица од страна на Здружението на граѓани „Родителски фронт“ а истата има за цел да ја спречи родовата идеологија и индоктринација на децата во образовниот процес.

Како што истакна Ненад Стојанов од „Родителски фронт“ тие се против родовата идеологија која доколку се прифати само ќе допринесе со забрзано темпо да се уништи семејството а со тоа и општеството. Според Стојанов родовите идеолози имаат најмалку право да одлучуваат за децата, ако веќе некој треба да одлучува за нив, тоа се нивните родители.

Собирањето потписи за петицијата ќе продолжи и во текот на наредните денови, а потписите ќе се собираат на истата локација на платото во Градскиот Трговски Центар во Кочани.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ