Учесниците во сообраќајот, возачите бараат општината да им обезбеди соодветен простор за паркирање бидејќи како што истакнуваат во дописот, за да се паркираат во градот каде имаат потреба им треба и по половина час кружење и непотребно трошење на горивото. Во дописот што ни го испратија се вели:
„Целта не ни е никого да навредиме, туку едноставно сакаме да побараме од надлежните во општината да ни обезбедат место за паркирање во ценнтралното градско подрачје. Ние не бараме возилата да ни стојат по цел ден на едно место како што е случајот со големиот број хаварисани и нерегистрирани ипо неколку години возила туку бараме да имаме некаде да паркираме бидејќи сите имаме некоја работа да завршиме. Имаше најави од претходните два а и од сегашниот градоначалник за изградба на катни гаражи но или не знаат каде да ги градат или тоа им беше само фол пред изборите. Еве ако не знаат а знам дека знаат нека појдат до Штип да видат како таму е решен проблемот со паркирање. И акј нас како и во Штип може да се изгради платформа на делови од кејот на реката. Нека се наплатува ама барем да има каде да паркираме. Овака само се создава нервоза кај возачите а и кај минувачите предизвикана од хаосот. Се надеваме дека ќе се сфати оваа порака како добронамерна и некој ќе почне да размислува и за овој проблем Помина година и половина од мандатот на градоначалникот и на советниците но никој ништо не презема. Што е проблемот не ни е јасно. Поздрав“
Текстот ќе допре до надлежните кои треба навистина да размислуваат посериозно кога е во прашање проблемот наречен ПАРКИРАЊЕ.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ