ПЕТНАЕСЕТГОДИШНИК ЗАРАБОТИЛ КРИВИЧНА ПОРАДИ НАПАД ВРЗ ДРУГ МАЛОЛЕТНИК

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 15-годишник од село Тркање поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

На 24.03.2023 во угостителски објект во Кочани, пријавениот физички нападнал друг малолетник, при што употребил и метален предмет.

ИЗВОР: Дневни билтени од МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ