ПЕТРОВДЕНСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР – ТРЕТИ ДЕН, – „ВЛТ ГРДОВЦИ“ ГИ ДЕКЛАСИРА КУМАНОВЦИ

Во Спорт
јуни 28, 2022
0 минути

Вечерва на програмата ббеа натпреварите од третиот ден на „Петровденскиот Фудбалски Турнир 2022“. Се одиграа два натпревари од групата „В“ и еден, последен од групата „Г“.

Премиерниот натпревар вечерва помеѓу „Македонија“ и „Пролет“ од групата „В“ не даде победник. Во доста интересен и неизвесен натпревар конечниот резултат 3:3 можеби е и најправеден. Во вториот натпревар од истата група екипата на „ВЛТ Грдовци“ го декласира својот противник „Адренико“ од Куманово совладувајќи го со  високи 8:2.

Вечерашниот трети ден беше затворен со натпреварот од групата „Г“ кој требаше да го даде вториот патник од оваа група за понатамошните натпревари. Екипата на „Еволушн“ после поразот во првото коло од „АНТ Градски“ не дозволи ново разочарување, со добра игра го совладаа својот противник „Детелинка“ 3:0 и тие се вториот патник во доигрувањето.

С. Ивановски