Повеќе од половина век се размислува како на Пониква да се развие „Планинскиот туризам“. Со ова што денес го имаме како фотографии тешко дека таков некаков развој некогаш и ќе дојде.
Коњи, крави, кучиња скитници на сите страни. Влегуваат во приватните поседи, го разнесуваат сметот, згора на се на самиот паркинг и пат му сервираат грда слика за гледање, а кога се на главниот пат честопати го загрозуваат и сообраќајот.
Сопствениците на коњите и кравите на сите им се познати, но кога тие немаат желба да ги приберат и воопшто не се заинтересирани за тоа како посетителите на Пониква ќе реагираат, тогаш и никој од останатите не сака да се замери со нив.
Така е денес на Пониква, а пред повеќе од половина век навистина овој дел од Осоговоските планини имаше големи претензии за развој на тој „Планински туризам“.
Најпрвин се изгради детското одморалиште, потоа се поставија ски-лифтови, се изгради шумска куќичка, беше набавен ратрак, едноставно се беа поставиле темелите за развој на тој толку посакуван „Планински туризам“, за жал и тоа не беше доволно да се дојде до посакувањата цел.
И тоа, што како објекти ни беше оставено од еден друг систем, ние со нашата „способност“ не знаевме да го надградиме. Штета, навистина голема штета
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ