ПО ДОЛГИ ГОДИНИ СМЕНЕТА ОГРАДАТА НА УЧИЛИШТЕТО „НИКОЛА КАРЕВ“

ноември 29, 2022
1 минути

По долги години денес е сменета оградата на училиштето „Никола Карев“ во Кочани. Старата ограда веќе е минато а додека новата му дава еден посебен сјај на самиот комплекс на училиштето.

Се што е ново и современо е убаво и е на задоволство и на учениците и на вработените.

„Денес на наше огромно задоволство успеавме да ја смениме комплетно надворешната училишна ограда проблем кој долги години стоеше нерешен,со промената успеавме да го промениме надворешниот изглед на училиштето,но и ја подобривме безбедноста на влезот на нашето училиште, ООУ Никола Карев”-Кочани“ соопшти  Александар Андов – директор на ООИ „Никола Карев“ од Кочани

С.  Ивановски