СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА КУЧИЊАТА БЕЗДОМНИЦИ, ЌЕ ГО РЕШАТ ЛИ ПРОБЛЕМОТ НАДЛЕЖНИТЕ?

ноември 29, 2022
0 минути

Бројот на кучињата бездомници од ден на ден се зголемува. Граѓаните со право се прашуваат од каде оваа наезда на кучиња бездомници.  Според едни причината е што кучиња од други општини се донесуваат и се оставаат во градот, додека според други  откако завршила љубовта со домашните миленичиња, сопствениците ги изнесуваат и ги остават на улицата.

Граѓаните стравуваат, особено оние кои одат пеш во неосветлените улици а ништо подобра не е состојбата ниту на плоштадот, ниту во паркот ниту во трговскиот центар.

Агресивни стануваат особено кога некое друго куче ќе се доближи до „нивната“ територија, тогаш во чопори му се нафрлуваат го гонат а со тоа ги загрозуваат и минувачите кои се на тој дел од градот.

Решение мора да се изнајде. Дознаваме дека поради високите цени не е најдена фирма која исто како онаа од минатите години на некој начин ги штитеше граѓаните.

Решение мора да има, дали тоа ќе биде со отворање на некои прифатилиште за кучиња бездомници или ќе се најде некој друг начин за нивно згрижување тоа останува да го решат надлежните во општината во соработка со советниците, вака како што сега стојат работите стравот од ден на ден ќе расте кај населението.

С. Ивановски